Регион

Земјоделците се сомневаат дека државата нема пари за да ги исплати субвенциите

Од понеделник протести и блокирање на влезовите на подрачните единции за земјоделство, доколку до овој петок не почне исплатата на субвенциите. Ваков став изградија земјоделците, откако по цела недела ветувања, платежната агенција се уште не почнала со исплата на парите од ланските субвенции.

Претставниците на земјоделците велат дека се разочарани од односот на институциите кон нив. Се сомневаат дека вистинската причина за неисплаќањето на асубвенциите е тоа што државната каса е празна, па се измислуваат причини зошто исплатата не се реализира.

Субвенциите за 2016 година треба да се исплатат најдоцна до крајот на јуни, а за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година се предвидени 100 милиони евра.

Препорачуваме:

Моноспитово, Костурино, Мемешли, Орманли и Дорломбос утре без струја

Ѓ. K.

Танушев во студиска посета на Малме, Шведска

Завршна вежба на пожарникарите од Македонија и Бугарија (видео)

Ване Трајков