Регион

Земјоделците да не претеруваат со наводнување и ѓубрење на зелката, советуваат агрономите

Во овој период кога има многу врнежи од дожд, агрономите советуваат да се внимава со наводнување на зелката. Според Василев, сега постои голем процент на почвена и воздушна влага, а тоа го зголемува и ризикот од појава на многу болести. За да не дојде до несакани последици и уништување на целото растение, земјоделците не треба да претеруваат со наводнување и ѓубрење на оваа земјоделска култура.

-„Проблемот со зелката е тоа што особено струмичкиот регион има проблем со високи подпочвени води. Истите се качуваат до површината, а земјоделците вршат неконтролирано наводнување на зелката па сега дојде до гушење на оваа земјоделска култура. Доколку не се повлечат овие подпочвени води, зелката тешко може да го продолжи нормалниот развој. За успешно производство на зелката и на другите земјоделски култури, треба најмногу контрола на вода и храна и во никој случај не смее да се претера со нивно користење„ -вели агроном Атанас Василев.

За десетина дена треба да започне бербата на зелката под пластеници, но дел од земјоделците стравуваат дека нема да ги имаат потребните количини и квалитет, бидејки дождот веќе уништи некои посеви засадени со пролетна зелка.

Доколку продолжи дождот, а земјоделците со неконтролирано ѓубрење и наводнување, Василев вели дека производителите на оваа земјоделска култура ќе бидат во загуба.

Препорачуваме:

НА 22 И 23- ТИ, ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ДЕВЕТ ОПШТИНИ ВО ЈУГОИСТОКОТ, ВО ГЕВГЕЛИЈА НАЈВЕРОЈАТНО НА 27 ЈУЛИ

Стојне Митева

Шапов: Од Богданци ќе направам пристојна и средена општина

Почнаа преговорите со МИОА

Dimitar Micev