• Sat. May 18th, 2024

,,Зелена револуција“ со порака до Министерство за животна средина и до Владата: Доста ЌЕ, акција сега!

ByВане Трајков

Nov 29, 2019

Граѓански протест под мотото Марш за чист воздух – ЗеленаРеволуција ќе се одржи денес во 17 часот пред Министерството за животна средина, соопштија 29 еколошки здруженија од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места, за исполнување на барањата за спречување на загадувањето и против уништувањето на животната средина. Протестот, кој организаторите го именуваат како граѓански, мирен, натпартиски, мултикултурен во 18 часот ќе продолжи пред Владата.

На протестот, првобитно најавен од Fridays for future Скопје му се придружија и О2 Иницијатива, Не Биди Ѓубре, Скопје Смог Аларм, Мој Воздух, Движење за чист воздух, Го Сакам Водно, Движење Мајкa и Дете, Битола сака чист воздух, Eco Guerilla од Тетово, Скопје бара чист воздух, Здрава Котлина од Струмица, Еко Долина, Младите од Иловица и Штука, Е.Д.Е.Н., Охрид SOS, Шепасти ентузијасти, Анима Мунди и десетина други граѓански здруженија за заштита на животната средина и на животните. Тие ги повикаа властите да прекинат со оправдувањата и да превземат активности, за да не бидат принудени, како што соопштија, револтот да го подигнат на друго ниво – граѓанска непослушност и повик за бојкот на претстојните избори. Сепак, неколку здруженија, коорганизатори, во истото соопштение се оградија од повикот за бојкот и граѓанска непослушност.

Мета

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *