Македонија

Витанова Рингачева: Ова признание не е само мое, туку и на Струмица

Во задарската градска библиотека вечерва се одржа свеченост по повод роденденот и доделувањето на годишните книжевни награди Горан Бујиќ. 

Ана Вотанова Рингачева таму ја прими наградата за најдобар новинар – книжевник надвор од Хрватска за 2019 година. 

При доделувањето на наградата, Ана Витанова Рингачева говореше за нејзината книжевна и научна дејност, но и за поттикот и поддршката што ги добива од родната Струмица. 

– Морам да споделам со вас едно мое интимно чувство. Кога човек патува надвор од својата земја, тоа го доживува како предизвик да се соочи со нови луѓе, нови перспективи на перцепција, со нови културни вредности и придобивки. Но, моето патување на релација Струмица, како мој роден град и мое место на живеење и дејствување и Задар, како родно место на Горан Бујиќ, чие име ја носи наградата со која сум почестена, за мене претставуваше дено иницијациско патување (како во сказните, да се отиде во триесеттото царство иоттаму да се донесе златниот предмет или бесценетоста за на крајот да се заслужи среќата). 

Мојата среќа е што сум овде и сега и моето сознание дека во мојот град ќе се вратам со признание кое не е само лично мое, туку му припаѓа и на моето родно место, мојата преубава Струмица.

 

Препорачуваме:

Извлечени тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица

Сузана Мицева

Струмичанката Славица Ангелова ќе настапи за крај на „Културно лето Карпош 2023“

Ѓ. K.

ВИДЕО: По 21 јануари ќе се разгледува дали угостителските објекти ќе можат да работат до 23 часот