Македонија

Зголемен број возила на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“

Зголемен број возила се забележани на патните правци надвор од градските средини, а според информациите од Автомотосојузот на Македонија зголемена фрекфенција на возила има на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“.

Според АМСМ на „Табановце за влез и излез од државата се чека околу половина час, а на „Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, соопшти АМСМ.

Препорачуваме:

Пет средношколци носители на годинешната награда „Иван Василевски“

Сузана Мицева

Нови 150 позитивни случаи на ковид, починаа четири лица

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Сузана Мицева