Регион

Затворени граничните премини со Грција

Затворени граничните премини со Грција. Од синоќа во 21 часот почна 24 часовен штрајк на грчките цариници на граничниот премин Дојрани – Дојран, а од полноќ им се придружија и нивните колеги од преминот Евзони-Богородица. На преминот кај Стар Дојран се пропуштаат едиствено пешаци, додека македонските погранични служби на преминот Богородица издејствувале да има проток и на патнички возила по петнаесет минути на секои еден или два часа, во зависност од сообраќајот. Товарните возила нема да се пропуштаат. Од преминот Богородица информираат дека нема колони и подолго чекање бидејќи грчките медиуми навреме информирале за штрајкот на тамошните цариници.

Препорачуваме:

За само една недела 1.247 лица се заразиле по втор пат

Стојне Митева

Струмичани бараат поголема контрола на продажбата на петарди

Сузана Мицева

Oпштина Гевгелија апелира до граѓаните за заштита од пожари

Стојне Митева