Свет

Засега нема нуспојави од руската вакцина против КОВИД – 19

Последните лекарски прегледи на волонтери кои биле дел од клиничките испитувања на вакцина против КОВИД – 19 не покажале нуспојави, но затоа пак бил потврден имунитет, објави Руското министерство за одбрана.

Како што објави Танјуг, кај волонтерите има јасен имунитет којшто е резултат на вакцината.

Руското Министерство соопштило дека завршните испитувања биле направени во Главната воена клиника Бурденко, а развојот и тестирањето на вакцините биле направени според протокол за клиничко испитување.

Волонтерите се вратиле во болницата 42 дена по вакцинирањето.

Препорачуваме:

Мајмунска сипаница се појави и во Хрватска

Сузана Мицева

Абдала II: “Тоа што терористите се насочуваат кон Европа – тоа е дел на турската политика”

Гладта една од најголемите закани за светскиот мир