• Sat. May 11th, 2024

Загрижувачки реакции од типот „сами си го барале“, кон жртвите на „Јавна соба“

Приведени креаторите на „Јавна соба“

Скандалозните случувања поврзани со објава на експлицитни содржини на веќе добро познатата „Јавна соба“ на Телеграм, на површина исфрлија „ставови“ кои не даваат поддршка на оние луѓе, најчесто млади девојки. Напротив, дури и ги осудуваат. На Фејсбук и Твитер можат да се најдат стотици коментари од типот „каде има чад, има и оган“, „мајката ја барале таму“, „сите жртвички“, „се истепавте за лајкови“, сите упатени кон жртвите чиишто лични информации биле злоупотребени.

Коментарите најчесто доаѓаат од мажи и момчиња, но има и осудувачки тонови во реакциите на одредени припаднички на понежниот пол. Покрај тортурите кои девојчињата ги доживувале во „групата“, наидоа и на безмалку гнасни коментари на социјалните мрежи.

Две девојки, жртви на „Јавна соба“ веќе раскажаа што им се случувало, како психички ги малтретирале со телефонски повици и пораки на социјалните мрежи и како сето тоа влијаело на нивното ментално здравје. Едната девојка проговори јавно, другата анонимно.

„Се повлеков, не излегував од дома. Полицијата не можеше да стори ништо. Агонијата продолжува… Неколку месеци подоцна добив порака „ќе те уништам со сликата“. Ја дознав IP адресата, се работеше за поранешен дечко на моја другарка, манијак кој и неа често ја малтертираше“, напиша девојката којашто сакаше да остане анонимна.

https://frontline.mk/2021/01/27/eksplicitna-i-zastrashuvachka-arhiva-se-krie-vo-avna-soba-samo-eden-chlen-ima-nad-10-000-fotografii-i-snimki/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *