Регион

Загина тракторист откако излетал во дол кај Трибичино

Попладнево на излезот од селото Трибичино според информациите на Канал ВИС  се случи несреќа во која животот го загуби тракторист. Несреќата се случила околу 17 часот  на свиокот од излезот или влезот во селото, при што трактористот од засега непознати причини изгубил контрола и се превртел во долот.  Не успеал да се спаси и при падот бил приклештен под тракторот и од здобиените повреди починал на лице место .

На местото на настанот излегла надлежните за да извршат увид од кој треба да се утврдат причините за несреќата

Препорачуваме:

Човекот што 40 денови молчи против рудникот Иловица

Сузана Мицева

Водици и Василица во Штука

Сузана Мицева

Гевгеличанец со велосипед се искачи на Килиманџаро

Ѓ. K.