Регион

Завршува јубилејната 60 Меѓународна струмичка ликовна колонија

По десет дена исполнети со творечки дух и убаво дружење на дваесеттина лиовни творци од Романија, Турција, Грција, Србија и Македонија, завршува јубилејната 60 Меѓународна струмичка ликовна колонија, во чии рамки се одржа и јубилејната 30 школа за современ мозаик.

Уште едно успешно издание на најстарата ликовна колонија во Македонија и на Балканот. Уште еднаш нашата Струмица, преку секторот за ликовно-галериска дејност при НУЦК „Антон Панов“ се покажа како извонреден домаќин.

Пребогатиот ликовен фонд на колонијата се збогати со нови четириесеттина дела во различни ликовни дисциплини, кои традиционално ќе бидат изложени на 11 Септември – Денот на ослободувањето на Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов им се заблагодари на сите учесници за творечкиот влог, со надеж дека ќе понесат од Струмица незаборавни спомени.

Препорачуваме:

Ако има пожар нема да се гаси авионски, бидејќи авионите не се сервисирани

Стојне Митева

Меѓународните проекти важни во образовниот процес

Ваучерите за туризам ќе можат да се користат и преку туристичките агенции

Стојне Митева