Македонија Регион

Завршува првото полугодие, учениците одат на тринеделен распуст

Основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната и од утре се на тринеделен зимски распуст. Предвидено е да се вратат на настава на 20 јануари, според календарот на Министерството за образование и наука (МОН).

Засега не е планирано одложување на второто полугодие бидејќи надлежните сметаат дека епидемиолошката состојба е стабилна.

Ресорната министерка Мила Царовска во повеќе наврати информираше дека процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а процентот на активни случаи со ковид-19 кај учениците со физичко присуство, во првото полугодие не надминал 0,3, според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта.

ИЗВОР:https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/zavrshuva-prvoto-polugodie-uchenicite-odat-na-trinedelen-raspust/

Препорачуваме:

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Сузана Мицева

Вечерва се отвора нова изложба од серијата „Ѕид на уметноста“

Сузана Мицева

Невладиниот сектор активно да го следат процесот на јавни набавки на локално ниво

Dimitar Micev