Регион

Заврши првиот Меморијален турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“ во Гевгелија

Заврши 1. Меморијален турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“ во Гевгелија. По одигрувањето на натпреварите во финалето, официјално беше затворен четиринаесетдневниот турнир, во организација на ЗГ Навивачка екипа „Фантоми Север“- Гевгелија, со доделување на наградите, пехарите и медалите на најдобрите екипи коишто машки се бореа за ги освојат првите места. Честа да им ги врачат наградите на победничките екипи ја имаа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и синот на Никола Гелебешев, на кого беше и посветен Турнирот, Коста Гелебешев, честитајќи им за постигнатиот успех и изразувајќи им благодарност на сите учесници на Турнирот и оддадената почит на долгогодишниот голман и тренер на ФК „Кожуф“.

– На мое и на задоволство на гевгеличани, изминатите две недели, ДТВ Партизан беше исполнет до последното место. Најмладите од повеќе генерации учествуваа на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“ и ги разгалија срцата на публиката. Благодарност до Навивачката група „Фантоми“ од Гевгелија за прекрасната организација на настанот,честитки за сите учесници. Верувам дека фудбалскиот турнир „Никола Гелебешев“ ќе стане традиционален, со целосна логистичка и финансиска поддршка од локалната самоуправа, истакна во своето обраќање градоначалникот Сарамандов, на кого „Фантоми Север“ му врачи плакета за поддршката во реализацијата на овој турнир.

Инаку, од екипите генерација 2013/2014, првото место го освоија екипата на „У-10“ – Гевгелија, второто – „Пенови Инженеринг“, а третото – „Агро Бојмија“- Валандово. Во генерацијата 2011/2012, првопласирани се „КМХ Валандово“, второпласирани – „Кожуф 1“, а третопласирани – „Кожуф 2“. Првото место им припадна на екипата, којашто се натрпеваруваше од генерација 2009/2010, „Скара бар Тире“, второто на „Кафе бар Корзо“, а третото на „Месарница Маја“- Гевгелија. Додека, од екипите, генерација 2005/2008, први се „Мики Џа Гевгелија“, втори – „ЛПФ Кабрела“, а трети – „Барози бар“- Јосифово. За најдобар играч на Турнирот, е прогласен Ристе Миленковиќ, за најдобри стрелци се прогласени Филип Лазаров и Давид Ашовалиев, а најдобри голмани – Милан Савов и Мартин Делиманов.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Бројот на невработени расте, стопанствениците со оптимизам

Општина Гевгелија без ниту еден корона заразен пациент

Уапсени двајца разбојници веднаш по грабежот во казино во Струмица

Ѓ. K.