Регион

Жената што изчезна од радовишко Дедино , побегнала од канџите на насилниот сопруг за да спаси жива глава оти ја претепал.Насилникот денес е пријавен во ПС Радовиш


Вчера СВР Струмица објави дека пред два дена изчезнала 29 жена од радовишкото Дедино. Д.А која била пријавена во ПС Радовиш од страна на нејзниот сопруг И.А дека попладнето на 28.07 неговата сопруга се одалечила од семејниот дом и ноќта не се вратила.

Денес во нашата редакција пристигна информација дека Д.А сама се појавила во ПС Радовиш ама не да информира дека жива туку да пријави семејно насилство. Го пријавила насилниот сопруг дека ја претепал , а таа да спаси жива глава побегнала и преноќила кај нејзина колешка.

По објавената информација за исчезнувањето на младата жена од Дедино , пристигна и допис од страна на Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство од Струмица кои информираат дека Д.А пред две седмици се обратила за помош кај нив. Била видно физички малтретирана со повреди на левата вилица, нозе и кичма. Стручниот тим кој ја примил ја информирале дека случајот мора да се пријави во полиција, за понатамошна постапка ама одбила оти се плашела дека ако разбере насилниот сопруг повторно ќе ја тепа , а нема да и ги даде малолетните деца од 1,5; 3 и 4,5 години.

Денес успеавме да ја контактираме и жртвата која не информираше дека по пријавувањето во полиција ќе го побара Центарот за жртви од Струмица каде ќе биде сместена и ќе биде безбедна, а насилниот сопруг ќе одговара за стореното.

Препорачуваме:

Струмичката болница почнува да се грее на природен гас

Децата и младите во фокусот на Деновите на медиумска писменост

Габрово речиси две седмици во темница – не работи уличното осветлување

Сузана Мицева