Свет

ЕУ воведува санкции за Белорусија

Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи денеска ќе усогласи 4 пакети санкции против Белорусија, објави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жосеп Барел, по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

„Денес ќе се договориме за четвртиот пакет санкции против Белорусија. Ќе бидат воведени нови санкции против 86 физички лица и компании“, рече Борел.
По пристигнувањето на состанокот, финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто најави дека санкциите ќе бидат воведени „поради кршење на човековите права и притисок врз опозицијата“, како и поради присилното слетување на авионот „Рајан ер“.

Според Борел, економските санкции на ЕУ против Белорусија ќе бидат тема на самитот на ЕУ од 24-25 јуни и ќе бидат усвоени потоа. Борел најави дека економските санкции на ЕУ против Белорусија ќе бидат насочени кон белорускиот извоз во ЕУ и дека е рано да се зборува за специфични гранки.

Препорачуваме:

Доларот во пад, цената на нафтата порасна

Ѓ. K.

Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Сузана Мицева

Се омажи Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт Мидлтон војвотката од Кембриџ,меѓу гостите и членовите на Британско кралско семејство

Dimitar Micev