Uncategorised

ЕКСПЛОЗИЈА ВО КУМАНОВО

Во зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ вечерва по 18 часот се слушна силна експлозија. Според привичните сознанија во експлозијата нема повредени лица, јави дописникот на МИА од Куманово.

Во зградата со број 1, како и на соседните згради 2 и 3, речиси сите стакла од прозорците се искршени.

СВР Куманово во моментов врши увид, а пристигати се и екипи на противпожарна единица и брза помош.