• Sat. May 18th, 2024

Еко – акција „Чисти ридови за сите“ во Струмица и регионот

На 26 март 2023 година, со почеток во 10 часот еко – акцијата „Чисти ридови за сите“ – повторно ги мобилизира граѓаните на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

Во акцијата се вклучени и поддршка ќе дадат сите Општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асцоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци. Комуналните претпријатија на Општините ќе им помогнат на учесниците при успешна реализација на оваа акција.

„Ќе се чисти на неколку места во сите општини поединечно, а повеќе информации за зборните места и што треба да понесете со вас, во текот на наредните денови. На природата и треба наша постојана заштита и заштита. Човештвото не мисли дека уништувањето на шумите, загадувањето на водата, уништувањето на животните доведува до смрт на природата. Дополнително, создавањето на мини депонии од страна на несовесните граѓани ја груби општата перцепција за тоа како треба да се однесуваме кон средината во која живееме“, велат организаторите.