Регион

Едно лице од Градашорци и три од Струмица се новозаболени со КОВИД – 19

Две жени на 60 и 64 годишна возраст, како и двајца мажи на 27 и 33 години се позитивни на корона – вирусот во Струмица.

Од струмичкиот центар за јавно здравје информираат дека 60 годишната пациентка е на лекување на Инфективната клиника во Скопје, додека 64 годишната е на инфективното одделение во Струмица. Мажите се во домашна изолација.

Засега не може да се утврди поврзаност помеѓу новодијагностицираните случаи со останатите активни случаи во струмичко.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Граѓански патроли во Гевгелија ќе ги потсетуваат граѓаните на мерките за КОВИД-19

Зоран Заев од Радовиш порача обединети заедно да ја донесат победата за подобра иднина

Кампања во Струмица „Борка-за секој нов ден“ за подигање на свесноста против ракот на дојка