• Sun. May 12th, 2024

Евросонг 2021 дефинитивно ќе се одржи, вели Грејм Нортон

Презентерот на Би-би-си Грејм Нортон пренесе одлична вест за љубителите на „Песна на евровизија“, а тоа е дека натпреварот ќе продолжи во 2021 година и покрај пандемијата на коронавирусот.

„Дефинитивно ќе има Евровизија … натпреварувањето ќе се случи“, рече Нортон, кој го покрива настанот за британскиот јавен срвис.

Организаторите на натпреварот потврдија дека Евросонг дефинитивно ќе се одржи оваа година. Ќе може да се користат претходно снимени изведби ако изведувачите не можат да патуваат до Ротердам или ако мора да се изолираат по нивното пристигнување таму.

Минатогодишниот натпревар беше откажан поради пандемијата. Во Велика Британија беше заменет со специјална програма со осврт на историјата на настанот, вклучително и гласање за најголемата евровизиска песна на сите времиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *