Регион

Европските метрополи и годинава најбарни дестинации за 8-ми Март

Се почесто жените се одлучуваат да го прослават 8-ми Март надвор од нашата држава. За тоа говори и фактот што локалните туристики агенции речиси ги пополнуваат сите понудени аранжмани. И годинава се со полни раце работа, велат дека повторно нудат интересни осмомартовски понуди. Минхен, Виена, Будимпешта, Прага се само дел од посакуваните дестинации на струмичанки за патување по повод Денот на жената 8-ми Март. Европските метрополи и годинава се најбараните места, а не заостануваат ниту желбите за еднодневните аранжмани.

Освен по туристичките агенции, раздвижено е и по струмичките улици каде се купуваат осмомартовски подароци за своите сакани. Подароците и осмомартовските аранжмани се дел од симболиката, кои се традиција меѓу струмичани во знак на внимание за празникот 8-ми Март. Инаку, меѓународен ден на жената е светски празник што се одбележува секоја година на 8 ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Препорачуваме:

Општина Василево асфалтираше две улици во Висока Маала

Сузана Мицева

Со намален број учесници поради недостаток на финасии ќе се реализира 59 Меѓународна струмичка ликовна колонија

Сузана Мицева

НВО „Иновативност“ од Радовиш финишира со ИПА проект