Регион

Евица Трајанова на чело на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ во Струмица

Евица Трајанова ќе ја предводи Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти општинскиот комитет. Со обајава на официјалната фејзбук страница, тие соопштија дека Трајанова, како долгогодишна и истакната членка ја заслужила оваа функција.

„Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Извршниот комитет денес донесе Одлука за вршител на должноста Претседател на УЖ Општински Комитет Струмица да ја именува Евица Трајанова. Нашата членка Евица Трајанова го започнува своето работење во структурите на Партијата пред две децении во рамките на младинската организација и е дел од структурите на организацијата и како таква е еден од докажаните кадри на Комитетот, професионалец, сопруга, мајка и патриотка.И посакуваме успешна работа и ги повикуваме сите членки да се вклучат во активностите на деновите што ни претстојат“, се вели во објавата.

Препорачуваме:

Струмичките гимназијалци брилјираа на натпревар во Бугарија за „Перспективите на коридор 8“

Средношколци од СОУ „Никола Карев“ од Струмица спремаат донации

Исчезнатите гевгеличани пронајдени живи и здрави на Кожуф

Сузана Мицева