• Sat. May 18th, 2024

До крајот на годинава треба да завршат институционалните подготовки за ратификација на Истанбулската конвенција

Македонија почнува интензивни подготовки за ратификација на Истанбулската конвенција или, како што гласи целото име, Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство. До крајот на годинава од страна на Министерството за труд и социјална политика ќе биде отворен центар за заштита на жртви на сексуално насилство, а истовремено и во општите болници во Скопје, Куманово и во Тетово ќе бидат отворени пилот-центри за првично згрижување и понатамошно упатување на жртвите на сексуално насилство.

Сите овие активности ќе бидат дел од проектот: „Подготовка за ратификација на Истанбулска конвенција – Усвојување на подобри политики и пракси за елиминација на насилството врз жените“.За реализација на подготовките за ратификација на Истанбулската конвенција, финансиска помош во износ од 300.000 долари овозможува Програмата за развој на Обединеите нации (УНДП).

Истанбулската конвенција претставува инструмент на меѓународното законодавство кој може многу да помогне во борбата за елиминирање на насилството врз жените.Истанбулската конвенција воспоставува силна практична база за превенција, заштита на жените и на девојчињата од насилство и прогон на насилниците. Овој документ има за цел да воспостави еднакви права помеѓу мажите и жените со тоа што ќе се елиминира родово базираното насилство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *