• Sun. May 19th, 2024

Донација на таблети за ученици во Гевгелија

ByВане Трајков

Apr 29, 2020
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, оствари средба со тетовската компанија „Еколог“ која преку Министерството за образование и наука донираше таблети за неколку општини. „Еколог“ донираше 10 таблета на Општина Гевгелија за потребите на учениците од социјално-загрозените семејства за непречено следење на онлајн-наставата.
 
Градоначалникот ќе им ги подели овие таблети на десетте ученика со што ќе бидат комплетирани утврдените 25 од социјално-загрозени семејства во Гевгелија и населените места, од кои останатите 15 добија училишни персонални компјутери по иницијатива на директорите на гевгелиските училишта во соработка со Општина Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *