• Fri. May 10th, 2024

Димитров – Довжан: Европската перспектива на земјата и регионот е геостратешка потреба на Унијата

На барање на словенечката страна, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска имаше видеосредба со државниот секретар во МНР на Словенија, Гашпeр Довжан.

На средбата разговараа за приоритетите на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во следните 6 месеци и вклучувањето на европското досие на Северна Македонија во тој контекст, соопштија од кабинетот на Димитров.

„Европската перспектива на Северна Македонија и регионот не е само во интерес на овој дел од Европа, туку и геостратешка потреба на Унијата во овој клучен период и јасно препознаена и во Брисел и во главните градови на земјите членки. Тоа кореспондира и со приоритетите на нашите словенечки пријатели за кредибилна и стабилна ЕУ како израз на процесот на европско обединување. Станува невозможно да се одржи европското влијание без одржување на зборот од европска страна – почеток на пристапните преговори за оние што испорачаа, како што е македонскиот случај”, нагласил Димитров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *