Регион

Денес мирен јавен собир во Скопје. Стоп за сообраќајното насилство

Денес мирен јавен собир во Скопје. Стоп за сообраќајното насилство

Семејството, роднини и пријатели на 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, која загина во сообраќајната несреќа кај Сити Мол во Скопје и нејзиното момче кое беше полесно повредено, денес ќе организираат мирен собир на местото на трагедијата.

„Во знак на револт кон СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа.
Поради тоа на 30.01.2022 година од 12:00ч до 13:00ч на место на несреќата, раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи.
Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно.

На мирен и достоинствен начин да го искажеме нашето незадоволство од непочитување на сообраќајните правила, сите сме пешаци и учесници во сообраќајот, вакви настани повеќе да не се повторат, свеста е кај секој од нас, да ја искористиме и да ја подигнеме за побезбедни улици“, стои во објавата за настанот.

Препорачуваме:

Како ќе се реши проблемот со уличните менувачи на девизи во Струмица

Стојне Митева

Пожарите во струмичко уништуваат и земјоделски посеви

Сузана Мицева

Ќе се изнајде ли решение за алармантната состојба со водата за пиење во Балинци.Наместо вода од водоводната мрежа тече и кал.