Регион

Денес Владата ќе се задолжи за нови 61,7 милиони евра

Владата денес ќе се задолжува за нови 61,7 милиони евра со што вкупното задолжување само за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 287,4 милиони евра.
На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.800.000.000 денари или 61. 7 милиони евра.
Според експертите, Македонија енормно се задолжува додека капитални проекти кои се од стратешко значење воопшто не се градат. За тоа зборуваат и катастрофалните податоци на Министерството за финансии за реализацијата на капиталните инвестиции кои заклучно со месец јули изнесуваат едвај 24,5 отсто.
Иако Владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата, таа континуирано ги зголемува, велат економистите што според нив е лошо. Заради тоа експертската јавност предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 насто од БДП.
Истовремено и опозицијата критикува дека задолжувањата ја преминаа секоја нормална граница и дека вкупно задолжувањата достигнаа огромни 600 милиони евра.

Препорачуваме:

Ќе се гради патна мрежа во Сончевата езерска населба ,,Мантово” кај Конче – Утврдени приоритетите на Југоистокот за 2019 !

Кривична за новоселец оти украл 12 илјади евра од спална на соселанец во странство

Јапонската влада ќе донира комунално возило во Босилово