Регион

Денеска во ЦК „Антон Панов“ предавање за малиген меланом

Месец мај е месец за подигање на свеста за малигниот меланом на кожата. Малигниот меланом е форма на кожен карцином која што се почесто се сретнува во Македонија и бројот на пациенти е во постојан пораст. Посебно се засегнати младите лица како и лицата кои се занимаваат со земјоделство.

Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија заедно со Министерство за здравство и Еуромеланома, спроведуваат кампања со цел да се подигне свеста кај населението за оваа болест, за нејзиното рано откривање, заштитата како и третманот на истата.

Како дел од кампањата низ повеќе градови во државата ќе се одржат и предавања за општата популација. На оваа тема на 17.05.2019 година (петок), во Центарот за култура во Струмица со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи предавање од страна на специјалисти од универзитетската клиника за пластична и реконстуктивна хирургија.

Предавањето е од отворен тип и на него се поканети сите заинтересирани граѓани.

Препорачуваме:

Наскоро ќе биде ставена во функција новата детска градинка во Струмица

Стојне Митева

„Европа за тебе“ Скопје ќе ги едуцира младите валандовчани за културно наследство

Ване Трајков

Убиецот на Ристо Иљашев на идентичен начин го убил и Александар Мицев од Струмица.ОЈО поднесе нов обвинетелен акт по собраните докази

Стојне Митева