Регион

Декоративно уредување на дворот на детската градинка во Миравци

 Вработените во Детската градинка во Миравци,при ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија го разубавија надворешниот простор околу градинката. Дворот на оваа воспитно-образовна институција се претвори во декторативна градина, со што вработените ја истакнаа својата креативност, умешност и своето уметничко размислување.  Од автомобилски гуми, стари обувки, влечки и пластични канчиња обоени и исцртани со апликации се направени саксии и садници во кои се посадени различни видови на цвеќиња и декоративни џбунести растенија, а стар детски велосипед е претворен во сталажа за цвеќе. Декорот дополнително е збогатен со бубамари изработени од каменчиња и печурки од пластика.           

– Ваквото декорирање на дворот го направивме со цел да го разубавиме просторот околу градинката, а исто така истиот да биде удобно катче за играње на децата. За таа цел искористивме стари работи кои ги претворивме во наменски декоративни саксии и садници, а во нив засадивме различни видови на цвеќе. Уште еднаш се потврди фактот дека за убавите нешта е доволен само малку труд, ентузијазам и креативност, истакнаа вработените од Детската градинка во Миравци.            Директорот на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, Бети Стоименова, ги пофали своите вработени и нивниот вложен труд истакнувајќи:           

–  Горда сум на што сум директор на институција, во која вработените имаат волја за работа и смисла за креативност. Тие докажаа дека со нешто што чини многу малку, може да се направи многу. Драго ми е што дворот на овој клон во Миравци стана рајска градина, прекрасен на изглед и за децата, и за родителите и за вработените.

Препорачуваме:

Сообраќајка на патот Нова Маала – Чанаклија

Ване Трајков

Фатени тројца крадци од радовишко

Стојне Митева

Протест во Старо Коњарево, жителите не сакаат шумска сеча над селото

Ване Трајков