Спорт

Девојчињата од Наковски Волеј – Шампионки на РМ !

Женската кадетска одбојкарска  екипа на ,,Наковски Волеј,, од Струмица ја освои Шампионската титула на Македонија во својата конкуренција откако во Битола на завршниот турнир забележаа убедливи победи. Најпрво во полуфиналето, кадетките на ,,Наковски Волеј,, славеа победа од 2:0 против своите врснички од ,,Штип,, додека го големото финале,  младите струмичанки го изненадија домаќинот, девојчињата на ,,Пелистер,,  со 3:1 во сетови за огромна радост во струмичкиот табор.

Според информациите што ги добивме ,, Наковски волеј,,  во полуфиналето биле далеку подобри од младите штипјанки. Во финалниот меч пак  во ниту еден момент не потклекнаА на притисокот во Битола и прикажале мудра игра во сите 4 сета. Демонстрирале одлична игра на мрежа а беспрекорно функцонирал и приемот и сервисот.

,, За една година потврдивме дека имаме потенцијал и дека со професионална работа може да се очекуваат успеси. Горд сум на девојчињата што прикажаа одлична игра како во полуфиналето така и во шампионското финале и освоениот прв трофеј на Наковски волеј. Ова е потврда дека сме на вистинскиот пат,, изјави за Канал ВИС, Хари Наковски

nakovski 1 nakovski golemanakovski

Препорачуваме:

Беласица и Академија Пандев без голови-голманите виновници !

Ване Трајков

ОК СТРУМИЦА – ШАМПИОНИ !!!!!

Ване Трајков

Наковски волеј лесно и убедливо, како на тренинг славеа против тетовчанки