Регион

Деветти „Роднокрајни поетски средби“ во Струмица

На 20 април 2016 година (среда), во реновираниот простор на познатата „Сцена 112“ (спроти стариот театар), здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ги организира деветтите по ред „Роднокрајни поетски средби“.

Станува збор за поетска манифестација која веќе редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и истата има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Секој што пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, стенд-ап, слем поезија, фри-стајл изразување, MC-a и што уште не. Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште поширокогледа платформа.

Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на 50-тина локални автори и 10-тина етаблирани поети од Македонија и странство.

Препорачуваме:

Струмица втор град со активни случаи на КОВИД-19 во земјата

Сузана Мицева

Струмичкиот театар со преставата ,,Секс, лаги и љубомора’’ го одбележува Светскиот ден на театарот

Ване Трајков

Се помалку сточари во струмичко – сточарството станува неисплатливо