Регион

Два проекти на СОУ ,,Димитар Влахов” наградени од Фондот за иновации, истите презентирани пред градоначалникот Јаневски

Два проекти на СОУ Димитар Влахов се наградени од Фондот за иновации. Станува збор за ,,Индиго росе,, проект изработен под менторство на професорките Јасмина Цамбулева и Ленче Христова од фамацевтско-лабараториската струмица кој има за цел да докаже дека црните домати имаат хранливи состојки и делуваат превентивно за повеке болести. Тие за овој прокет добија 225 илјади денари со кои треба да го продолжат проектот за да  најде примена и во фармацевтската индустрија

Награда од Фондот за иновации доби и проектот ,,Намалување на штетното влијание на CO2” на менторите- професорките Костадинка Тушева и Зорица Масникоса кој значи изработка на еко филтер за моторни возила со зеолит кој ќе се вградува во ауспуси за да се намалат издувните гасови .Овој проект доби  171 800 денари за да се доистражи .

Овие два проекти денеска  директорот на СОУ Димитар Влахов – Димитар Ѓоргев со менторите ги  презентираа пред градоначалникот Коста Јаневски кој истакна дека општина Струмица е подготвена да застане и да ги помага иновативните проекти на струмичките средношколци

Повеќе за проектите во утрешното издание на вестите на Канал ВИС…….

Препорачуваме:

Бубев ги исполнил критериумите, тврди министерството

Сузана Мицева

Во недела Чисти ридови за сите – граѓанска иницијатива за почиста средина (видео)

Ване Трајков

„Гевгелиско културно лето“: целовечерен концерт на Ансамблот „Бојмија“

Ѓ. K.