Регион

Двајца гевгеличани повредени во сообраќајна незгода – Мотоцикл се судрил со голф

Жител на Давидово – Гевгелија е тешко повреден во сообраќајна незгода која се случила меѓу моторцикл и автомобил. 

Возачот на моторциклот А.Т. (29)се здобил со тешки телесни повреди, но со повреди се здовил и неговиот сопатник А.С. 

– На 01.07.2023 во 19,40 часот било пријавено дека во с.Давидово, гевгелиско се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(27) од с.Давидово, и патничко моторно возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(29) од с.Давидово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот А.С.. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија – се наведува во билтенот. 

Препорачуваме:

90 апликации за 37 социјални станови во Струмица

Гевгелискиот градоначалник даде отчет за сработеното во првите 100 дена

Танчо Пројковски стана помошник началник во Свр Струмица

Сузана Мицева