Регион

Двата контролни теста на четворицата заболени од Радовиш се негативни

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов информира дека на четворицата заболени од корона вирус им се направени 2 контролни теста и според информациите од Институтот за јавно здравје, тие се негативни. Тоа значи дека  во моментот во Општина Радовиш нема ниту  еден заболен од Ковид -19.

Според градоначалникот Конзулов тое а добра вест за сите радовишани, но тој апелира граѓаните да продолжат и понатаму да се придржуваат до мерките и препораките од надлежните институции за заштита од корона вирус, да носат заштитна опрема и да држат растојание.

             Инаку Општина Радовиш ќе продолжи и понатаму со дезинфекција на станбените објекти за колективно домување и на улиците во градот и населените маеста, како и дезинфекција на возилата на влезот во Радовиш,  инфомрира градоначалникот Конзулов.

Препорачуваме:

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Сузана Мицева

ВИДЕО: Дојран ја зголемува понудата, со европски пари реставрација на саат кулата и турскиот амам

Марјан Ѕин: Мојот сликарски пат почна кога бев 16 години

Сузана Мицева