• Mon. Jun 17th, 2024

Граѓански новинар: Граѓани се жалат на хигиена на улица „Цветан Димов“ во Струмица

Преку апликацијата Граѓански новинар, жители од улицата „Цветан Димов“ реагираат неисчистена улчица, со остатоци од градежен материјал и многу прашина. Во дописот се вели дека оваа улица е многу фрекфентна бидејќи тука се наоѓаат спортски игралишта кои се посетени од голем број рекреативци.

– На оваа улица секојдневно се движат илјадници автомобили и тешки товарни возила заради градежните активности во касарната и реконструкција на улицата спрема затворот. Се разнесуваат градежни материјали, земја, шут, а со самото тоа се загадува улицата која никогаш, ама баш никогаш не е исчистена од страна на ЈКП „Комуналец“. Тука се создава облак оод прашина која дечињата ја вдишуваат додека тренираат. Па се наметнува прашањето дали ги градиме или ги уништуваме животите на тие деца. Алармираме истно „Комуналец“ и општината да ги преземат мерките за одржување на улицата со цел да се зачува здравјето на овие дечиња и воопшшто животната средина, се вели во дописот на апликацијата Граѓански новианр.

Од комуналното претпријатие ги демантираат овие написи.

– Не е точно дека нашите екипи не ја чистеле улицата. Имено, според нашата документација, улицата “Цветан Димов“, заедно со „Мајка Тереза“ и другите од овој потег, беа генерално чистени на 26. Декември 2021 година. Поради градежните активности на многу парцели на овој потег, неизбежна е појава на прашина, која не може да биде спречена додека трае градбата. Согласно нашите планови во текот на март планираме уште едно генерално чистење, велат од Комунална хигиена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *