Регион

Граѓански активисти за почист воздух во Струмица побараа намалување на аерозагаденоста

Група граѓански активисти од Струмица се собраа на плоштадот за да го изразат своето незадоволство од загадениот воздух што во последниов период го дишат. Побараа конкретни решенија од надлежните за намалување на аерозагаденсота. Тврдат дека во Струмица посебно во ноќните часови не се дише и се приморани да купуваат заштитни маски а инспекторите да бидат поактивни и надвор од работното времеСо отпочнување на грејната сезона мерната станица на животната средина постојано покажува присуство на пм 10 честичи над дозволеното. Часовните концетрации ноќе покажуваат и до 10 пати повеќе од дозволената граница. Младите активисти упатија барања до надлежните.Вчера градоначалникот на Струмица Коста Јаневски  информираше дека се спроведуваат дел од мерките од планот за чист воздух со замена на грејните тела во јавните објекти конкретно гасификација на општинските јавни објекти со средства од Владата. Во наредниот период се очекува очекува и гасификација на државни институции како што се болницата и полицијата

Препорачуваме:

Изгоре кровна конструкција од куќа во Конче

Ване Трајков

Потпишан договорот за изградба на локалниот пат од мостот на Смиљанска Река до центарот на Смиљанци

Сузана Мицева

Општина Валандово со прозивка на новинар врши притисок врз слободното новинарство

Сузана Мицева