Регион

Градоначалникот Јаневски упати порака по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Трети декември во целиот свет се одбележува како Меѓународен ден на лицата со попреченост и како таков има за цел да го сврти вниманието на јавноста на нивното постоење, но и да ги поттикне сите релевантни фактори за изнаоѓање соодветни решенија за сите нивните проблеми и барања.

Целосното интегрирање на лицата со попреченост во заедницата и општеството треба да биде наша примарна цел, а сите досегашни ангажмани на тој план нужно е да се унапредуваат до нивна сеопфатна реализација. Трети декември треба да ни биде само потсетник, што треба да работиме во наредните 365 дена, за да го зголемиме квалитетот на живеење на лицата со попреченост. Општина Струмица била и останува вистински предводник во грижата за лицата со посебни потреби, а таква ќе биде и во иднина.

Овој ден е за сублимирање на сработеното, планирање конкретни чекори за понатамошни достигања и креирање амбиент по мерка на лицата на кои овој ден им е посветен. До следниот 3. Декември, охрабрени од взаемното задоволство од досегашната соработка, продолжуваме со отстранување на бариерите, затоа што СИТЕ СМЕ ЕДНО.

Препорачуваме:

Се разгледува можноста за набавка и на кинески вакцини

Стојне Митева

Мицкоски: Нема да одам на лидерска средба на која предвремени избори не се тема

Сузана Мицева

Во Струмица ќе се реализира проект за откривање и мерење на изворите за аерозагаденост

Ване Трајков