• Sat. May 11th, 2024

Градоначалникот Ристов вели дека елката била демонтирана од фирамта што ја постави оти немала договор

ByВане Трајков

Dec 26, 2022

Нема да дозволиме некој да нè уценува и рекетира. Елката никој не ја украл. Фирмата што ја стави и украси елката, сама и си ја собра новогодишната елка,“ изјави , градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, по објавените информации во медиумите дека елката исчезнала, дека некој ја украл, но и дека фирмата си ја собрала бидејќи не била платена фактурата од страна на Општината.

радоначалникот на Радовиш објаснувајќи за елката и фирмата која украсувала, која што не сакаше да ја именува, вели дека со години наназад поставувала елка и го украсувала градот.  Како што објасува градоначалникот фирмата така направила и оваа година, меѓутоа тоа го направила без пред тоа да склучи било каков договор со општината. Откако било направено украсувањето, фирмата од општината побарала 7000 евра за елката и украсите, со тоа што тие не стануваат во трајна сопственост, туку само се изнајмуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *