• Fri. May 10th, 2024

Градоначалникот Костадинов присуствуваше на традиционалната „Ловечка вечер“

ByЃ. K.

Feb 19, 2024

Градоначалникот Костадинов присуствуваше на традиционалната „Ловечка вечер“ која ја организира струмичкото Ловно друштво „Беласица“, по повод завршувањето на ловната сезона.

„Во една преубава атмосфера, го имав задоволството да ја доделам една од главните премии на вечерашната лотарија, пушка – карабин, што ја обезбедивме заедно со Советот на општина Струмица, а од фамилија Костадинови доделив и полуавтоматска пушка на најсреќниот добитник. Поддршката нема да изостане и во наредниот период. Нека се за многу години таквите и слични другарувања меѓу ловците“, порача Костадинов.

By Ѓ. K.