• Fri. May 17th, 2024

Градоначалникот Костадинов домаќин на две еминентни гостинки од Шведската амбасада

ByЃ. K.

Aug 24, 2023

Денес градоначалникот Костадин Костадинов во својот кабинет им посака добредојде на две еминентни гостинки од Шведската амбасада, амбасадорката Ami Larsson Jain и нејзината заменичка Биби Грамсон.

  • „Ја искористив оваа ретка и прекрасна можност да ги запознаам првите две дами на шведската Амбасада, со природните, културно-историските и туристичките белези на нашата општина, со стопанските потенцијали на Струмица, како и со активностите на нашата единица на локална самоуправа“, истакна Костадинов.

Средбата ја искористија и за размена на мислења на актуелни теми, за поддршката на Кралството Шведска за влезот на Република Северна Македонија во Европската Унија, но и за можностите за негување и унапредување на соработката на повеќе полиња меѓу Амбасадата на Шведска и Општина Струмица.

By Ѓ. K.