Македонија

Горивото во Грција околу 2.50 евра за литар

Цените на горивата во Европа повторно растат, а ЕУ стравува дека наскоро би можеле да ја надминат астрономската граница од три евра за литар. Ова е директна последица на европскиот шести пакет санкции, кој предвидува забрана за увоз на руска нафта што се испорачува со бродови. И во Европа се плашат од недостиг што го очекуваат во лето. Проблем ќе биде и керозинот што ги движи авионите. Аналитичарите предупредуваат дека кризата најверојатно ќе биде посилна отколку за време на нафтениот шок во 1970-тите.

Во Словенија претходните денови имаше недостиг на некои бензински пумпи, бидејќи граѓаните стравуваат од поскапување на реалните залихи. Хрватска во вторник ги замрзна цените на сите бензински пумпи, освен на автопатите, за да не надминат две евра. Овој потег претставува голем удар за бизнисот на малите трговци, бидејќи тие ќе бидат во загуба и се проценува дека ќе мора да стават клуч на брава.Според западните медиуми, светските аналитичари сметаат дека загриженоста за снабдување со нафта на светскиот пазар, по санкциите на ЕУ против руската нафта, ќе продолжи да ги зголемува цените на оваа суровина.

Литар супер и дизел во Словенија се движи од 1,75 и 1,84 евра, а гориво на некои бензински пумпи нема. Во споредба со претходните цени, полнењето на резервоар од педесет литри сега е поскапо за 9,75 евра. Словенечката влада вели дека има доволно деривати и дека ќе спречи секакви шпекулации со продажбата.

Безоловниот бензин во Франција се продава од 2,15 до над 2,30 евра на повеќето најфреквентни бензински пумпи и покрај субвенцијата од државата од 18 центи за литар. Дизелот е уште поскап, имајќи предвид дека Русија е најголемиот производител.

Француските медиуми го цитираат професорот Тиери Брос од Факултетот за политички науки во Париз, експерт за енергија и клима, кој предвидува дека цената на горивото наскоро би можела да скокне на 2,50. Има и такви кои се плашат да не ја преминат астрономската граница од три евра. Граѓаните се помалку влегуваат во автомобили и користат алтернативни превозни средства.

Најевтин бензин е 0,68 евра за литар во Белорусија, а потоа следат Русија, Малта и Турција со цена од 1,51 евро. Србија е во групата на поевтини, односно 1,68 евра. Најниски цени на дизелот имаат Белорусија, Русија и Малта. Турција е петта со 1,65 евра, а Србија е десетта со 1,78 евра. Во Бугарија литар бензин чини 1,69 евра, а дизелот 1,74. Потрошувачите во Црна Гора за овие два вида гориво плаќаат по 1,73 односно 1,78 евра. Во Македонија дериватите веќе не се најевтини во регионот, сега за литар треба да се одвојат 1,78 евра.

извор: фактор

Препорачуваме:

Шест години од „Диво насеље“

Истражување: Земјава е лидер во регионот според потрошувачката на цигари по пушач

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Сузана Мицева