Забава

Горан Куќиќ и групата Јупитер го објавија спотот за новата песна „Винјак мој“

Горан Куќиќ и групата Јупитер го објавија спотот за новата песна „Винјак мој“. Денеска во 14.00 часот песната се појави на Јутуб каналот на Гранд продукција, а спотот е снимен на брегот на Дојранското Езеро и во „Ракија и мезе бар“, Струмица.

Спотот е снимен минатото лето, а на неговата продукција работеа Кире Пиличев и Георги Кончалиев.

Горан Куќиќ за канал Вис изјави дека станува збор за летен хит и затоа чекале речиси една година за промоција на „Винјак мој“.

Горан, кој стана познат во целиот Балкан како еден од најмаркантните вокали којшто се појави на шоуто „Никогаш не е доцна“ вели дека подготвуваат уште еден хит за српскиот пазар. Станува збор за нумерата „Превара“ којашто ќе се промовира оваа есен.

Препорачуваме:

Ѕвездоскок-поетска книга создавана низ три децении

Сузана Мицева

Со „Џунгла“ почнаа карневалските свечености во Струмица

Александра Јанева синоќа пееше во Радовиш на манифестацијата „Светол град“

Сузана Мицева