Забава

Големиот италијански дизајнер на обувки Серџо Роси почина од коронавирус

Утре, недела е прогласен за ден на жалост во Италија, во неговиот роден град Сан Мауро Пасколи. Тој создаде голем број работни места за своите сограѓани, уште од почетоците на градењето на модниот бренд за обувки кој го носи неговото име, во 1951 година. 

Серџо Роси починал во четвртокот вечерта во болница на северот од Италија, а градоначалничката на неговиот град кој има околу 47 000 жители изјавила: „Неговата смрт е голема загуба за нашата заедница“.  Таа во видео – порака изрзила жалење што поради пандемијата и забраните за движење не можат достоинствено и како што заслужува да го испратат големиот дизајнер. 

Во 1999 година Гуќи презеде 70% од компанијата на брендот за обувки „Серџо Роси“, а потоа во 2005 година и останатите 30%. Роси имаше 85 години. 

 

Препорачуваме:

Писателот Киро Донев за признанието од о.Босилово: Драги ми е, но нajдраги ми се детските насмевки

Сузана Мицева

Излезе електронскиот зборник „Дланковод“

Сузана Мицева

Легендарната „фолксваген буба“ дојде до крајот на својот пат