Свет

Германија ја избриша Црна Гора од листата безбедни земји

Министерството за внатрешни работи на Германија ја отстрани Црна Гора од листата на безбедни „трети“ земји во однос на справувањето со коронавирусот.

Својата одлука Берлин ја образложи со зголемениот број новозаразени во Црна Гора.

Тоа значи дека државјаните на Црна Гора можат да влезат во Германија само ако за тоа можат да докажат важна причина.

На листата безбедни земји кои можат да влезат во Германија моментално се наоѓаат само седум трети земји – Австралија, Грузија, Канада, Нов Зеланд, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Препорачуваме:

Во Србија голем пораст на новозаразени, дури 276 во еден ден

Сузана Мицева

Хан ги објави итните реформски мерки што ЕК ги бара од Македонија

Сузана Мицева

Белгија: Убиен чувар во нуклеарна централа, украдена неговата картичка за идентификација