• Sat. May 11th, 2024

Генчовска: Бугарија не прави никакви отстапки во однос на јазикот

Бугарската министерка за надворешни рабпти Генчовска изјави дека протоколот содржи исклучително амбициозни мерки, кои во пракса имаат за цел да решат многу од отворените прашања.

Ова не е документ сам по себе, туку составен дел од пакетот на таканаречениот „француски предлог“. Оттука, ние продолжи работата на ниво „експерти“ со тим од РСМ“, рече Генчовска.

Таа додаде дека отсега зависи само од Македонија кога земјата ќе влезе во ЕУ и колку долго ќе се одолговлекува преговарачкиот процес.

„ При одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција. Дури по овој процес ќе има втора меѓувладина конференција, по што всушност ќе започне преговарачкиот процес. Овој период зависи од властите во РСМ – може да трае 3 месеци, како што беше при промената на името на државата, може да трае две години“, нагласи таа.

Според неа, следните чекори треба да доведат до вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ. На прашање на БНТ, Генчовска посочи дека Бугарија не отстапува од ставот за јазикот со оглед дека преговорите со ЕУ ќе бидат преведени на официјалниот јазик на РСМ.

„ Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на РСМ. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 членови, сепак, ова е поконкретно – тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став, но бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“, рече Генчовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *