Регион

ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ВОВЕДЕ ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

„Во тек е изготвување на студија за зонско паркирање во централното градско подрачје, по што ќе распишеме тендер, со што верувам дека во најскоро време ќе имаме зонско паркирање во центарот на Гевгелија.„

Ова го изјави градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, на прашање на новинарот на ТВ Нова 12 на неодамнешната прес конференција.

Тој потенцираше, исто така, дека зонското паркирање е предвидено и со одлуката на поранешниот Совет на општина Гевгелија, кој во 2016 година донесе одлука за определување на јавни паркиралишта во Гевгелија, како и начинот на нивно одржување. Оваа одлука како и многу базични информации околу начинот на решавање на овој насушен проблем ќе бидат земени во предвид во изготвување на студијата за регулирање на паркирањето во централното градско подрачје. Со оваа студија исто така ќе се предвиди и вклучување на софтверска куќа која ќе го изработи софтверот со кој дигитално ќе се регулира зонското паркирање.

Инаку, зонското паркирање е предвидено да се воведе најпрво во централното градско подрачје, а потоа и во другите градски зони и, евентуално, во поголемите населени места во општина Гевгелија.

Препорачуваме:

Валандово, Радовиш и Василево ќе обезбедат енергетско ефикасно улично осветлување.

Ване Трајков

Неделава ќе има јавен повик за ваучери за летен одмор од 12 илјади денари

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Стојне Митева