Регион

Газдите „забораваат“ да им исплатат минат труд на работниците

Газдите „забораваат“ да им исплатат минат труд на работниците

Информациите на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во првата половина од ланската година над 3000 граѓани не добиле целосна месечна плата. Половина од поплаките на работниците се за неисплатен минат труд. Синдикалците ги охрабруваат работниците, доколку забележат дека дел од средствата кои ги заработиле, а не им се исплатени од страна на работодавачите, да пријават во Сојузот на синдикати, и во трудовиот инспекторат.

„За месеците јануари јуни 2021 година по основ на неисплатени плати, надоместоци, додатоци и придонеси -3256 обраќања од кои согласно евиденцијата на ССМ 1/3 се по однос на неисплатен минат труд. Согласно член 25 од Општиот колективен договор за приватниот сектор Основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж. Ова право најмногу се прекршува во трговијата и текстилот.“

Препорачуваме:

Мерки за поддршка на стопанството и за спас на работните места

СВР Струмица поднесе три кривични пријави за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“

Стојне Митева

Пронајдена рачна бомба во село Конче