• Wed. May 15th, 2024

Вчерашното невреме направи големи штети во Радовиш и околните села

[et_pb_section][et_pb_row][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_text]

Во текот на вчерашниот ден подрачјето на општина Радовиш беше зафатено од интензивни врнежи од дожд, кои предизвикаа: поплавување, оштетување и наноси на дел од уличната мрежа во градот и дел од населените места.

Во град Радовиш оштетена е дел од улица Шаин Маале, наносен материјал има претежно на улица Плачковица на потегот од улица Плачковички одреди кон улица 4 Јули.
Во населените места Воиславци,Сулдурци, Калугерица и Јаргулица, од поројните води оштетени се пристапите до станбените објекти.

Градоначалникот на општина Радовиш, г-дин Герасим Конзулов, во текот на денешниот ден, со преставници од стручните служби, изврши увид на подрачјето кое беше зафатено од невремето, врз основа на состојбата на теренот договорени се соодветни оперативни мерки кои се преземени во текот на денот и во следните денови до целосно санирање на последиците од невремето.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *