Спорт

Во недела Беласица – Академија Пандев, Балдовалиев и Стојков очекуваат полн стадион, добар меч и победа за својот тим !

Во недела на стадионот Младост се игра првото градско фудбалско дерби меѓу Беласица и Академија Пандев. Дуелот е во рамките на второто коло  каде синобелите се домаќини а пандевци гости. Двата тима интензивно се подготвуваат за овој меч кој го привлекува вниманието и на македонската јавност, бидејки игра  Беласица која по неколку сезони се врати во елитата но и Академија Пандев чии одговорни луѓе произлегоа токму од Беласица

Таков е случајот и со Зоран Балдовалиев и Аце Стојков. Некогаш клупски колеги како кенгури а сега треба да бидат ривали на фудбалски терен. И двајцата очекуваат полн стадион и квалитетен натпревар

,,Очекувам прво полн стадион после толку години. Публчиката да види еден добар натпревар. Тренираме со ,,ладни” глави а расположението е одлично. Што ќе одлучува за победникот. Тоа ќе си го зачувам за мене нема да кажам јавно за да може да победиме,, изјави за ВИС спорт  Зоран Балдовалиев човекот кој лани беше најдобар стрелец на пандевци а ова сезона е кај Беласица

Аце Стојков кој беше последното засилување на пандевци вели дека овој меч ќе биде испреплетен и со емоции бидејки тој после многу години се враќа во Струмица како професионален фудбалер

,,Во недела ќе имам можност да играм против Беласица што за мене ќе биде малку емотивно и на некој начин чудно оти таму ги поминав сите млади категории до прв тим.  Но како професионалец тоа го оставам на страна и во недела како и во минатото коло Академија Пандев ќе оди на победа. нема да биде лесно зашто што пред се е дерби натпревар. Се надевам дека стадионот Младост ќе биде полн,, изјави за ВИС спорт Аце Стојков

Мечот е закажан во 17 часот а влезниците за првото градско фудбалско  дерби веќе се пуштени во продажба и може да се набават во игротеката Пиндолино која е во склоп на стадионот. Во првото коло пандевци славеа против Макеоднија ГП со 2:1 додека Беласица претрпе пораз од 1:0 од тимот на Победа во Прилеп

 

Препорачуваме:

Академија Пандев обезбеди КУП финале

Ване Трајков

Карате клубот Шихан го освои тронот во кадетска конкуренција- се вратија со четири медали

Македонија против Данска за злато во Европската сребрена лига

Ване Трајков