Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Гастроентерохепатологија, на Клиниката за дерматологија, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за Неврологија биле примени двајца пациенти, исто толку и на Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Препорачуваме:

Вработените во јавниот сектор од денеска во штрајк – ќе работат само 10 отсто од вработените

Владика Јаков: Христос го исполнува нашиот живот со радост и надеж

Сузана Мицева

Второ прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Ѓ. K.