Македонија

Воз прегази мигрант кај Демир Капија

Мигрант загина на пругата кај Демир Капија откако го прегазил воз. Како што информира МВР, синоќа во 22,50 часот било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија-Скопје, пред Демир Капија удрил во А.Н., мигрант од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Препорачуваме:

Препораки за справување со коронавирусот за лицата со дијабетес

Сузана Мицева

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Сузана Мицева

Маричиќ на онлајн состанок со директорките во германското МНР