Регион

Возниот парк на „Комуналец“ – Струмица збогатен со механизација која не е штетна за животната средина

Континуиранато збогатување и осовременување на возно-техничкиот парк на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, наменет за одржување на чистотата на јавните простори во општина Струмица, продолжува со несмален интензитет. Од денес овој „парк“ е збогатен со нова електрична метларка со современа техничка спецификација.

Електричната метларка е наменета за потребите на селото Габрово и Габровските водопади, односно за одржување на јавната хигиена на тој дел од општина Струмица. Набавката на метларката на електричен погон, е резултат на склучениот договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов најавува дека ангажманите околу зголемувањето на возно-техничките капацитети на ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжат и во наредниот период.

Препорачуваме:

ОМУ ,,Боро Џони” Струмица ќе добие уште еден спрат, градежна механизација веќе работи на подигање на објектот

Ване Трајков

Повреден мотоциклист во сообраќајка во Струмица

Ване Трајков

Нема работници за машинската и за енергетската индустрија

Стојне Митева